Оваа година на карневалот нема да бидат во мода политичари, изјавила една сопственичка на фабрика која произведува реквизити за еден од најголемите карневали во светот.
Рио де Жанеиро – бразилската најстара фабрика за маски работи под полна пареа десет дена пред започнување на познатиот карневал во овој град, како најбарани маски се горилите, кловновите и вештерките.
Оваа година политичарите не се во мода, изјавила Олга Гилберт, сопственичка на фабриката Конадал. Направивме неколку маски на Гадафи,но никој не ги купува, додала жената за медиумите.
Со полн капацитет фабриката проиедува повеќе од 150.000 маски за карневалот во Рио.