Катерина Ивановска ја замени Алесандра Амбросио!

13 јануари, 20120
катерина

Нашата манекенка Катарина Ивановска е новата ѕвезда на  “Victoria’s Secret”, која во јатото познати Ангели наскоро ќе ја замени Алесандра Амбросио која заминала на породилно отсуство. Судејќи по фотографиите, атрактивната Катерина е повеќе од достојна замена.

Ангелот, Катерина Ивановска е најпознатиот македонски модел, кој се најде на насловните страни на магазинот “Elle”, како и рускиот и италијанскиот “Vogue”. Таа беше заштитно лице на модната куќа “D&G” , додека договорот со модната куќа  “Victoria’s Secret” го потпиша минатата година. Меѓутоа, патот до  “Victoria’s Secret” воопшто не бил лесен:

-По четири години напорна работа и кастинзи, мислам дека на луѓето од  “Victoria’s Secret” им се смачи да ме одбиваат, па на крајот ме ангажираа за фотосесија. До сега до нив изработив две фотосесии, првиот пат за долната облека за нивниот интернет сајт, што воедно беше и тест дали ќе им се допаднам или не. Среќа, оставив добар впечаток, па потоа се сликав и за нивниот каталог за облека, објаснува Катерина Ивановска, која не го крие задоволството за потпишувањето на соработката со оваа куќа.

Покрај манекенството, таа се занимава и со актерство, ја одигра главната улога во македонскиот филм “Трето полувреме” во режија на Дарко Митревски во кој партнер и е познатиот актер Раде Шербеџија. Премиерата на овој филм е планирана за крајот на оваа година. Интересно е тоа што за оваа улога Катерина морала да научи да јава, да свири на клавир и да зборува ладино, јазикот на Евреите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *