Ни крив ни должен, Сами Кедира го предизвикал апсењето на тројца новинари во Тунис, родната земја на неговиот татко.
Кедира(24), всушност, за насловната на магазинот GQ е фотографиран со девојката Лена Герцке и тоа како со раката и ги покрива голите гради на својата сакана. Со оглед дека ужива голема популарност во Тунис, локалните весници ја пренеле “спорната” фотографија што резултирало со апсење на главниот уредник и уште двајца новинари.
“Се работи за прекршување на етиката”, објаснил претставник на Министерството за правда во Тунис. Експресно реагирала и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), чиј претседател Џим Бумела изјавил: “Овие апсења покажуваат дека во Тунис и понатаму постои силен отпор на независното новинарство.”
Во шок останал и самиот Кедира кој не ни сонувал дека ќе предизвика толкав скандал.
“Ги почиувам сите религии и верувања на сите луѓе, но не можам да прифатам да се брани слободата на изразување”, истакнал фудбалерот.