Кедира со една фотографија предизвикал апсење на тројца новинари!

19 февруари, 20120
khedira

Ни крив ни должен, Сами Кедира го предизвикал апсењето на тројца новинари во Тунис, родната земја на неговиот татко.

Кедира(24), всушност, за насловната на магазинот GQ е фотографиран со девојката Лена Герцке и тоа како со раката и ги покрива голите гради на својата сакана. Со оглед дека ужива голема популарност во Тунис, локалните весници ја пренеле “спорната” фотографија што резултирало со апсење на главниот уредник и уште двајца новинари.

“Се работи за прекршување на етиката”, објаснил претставник на Министерството за правда во Тунис. Експресно реагирала и  Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), чиј претседател Џим Бумела изјавил: “Овие апсења покажуваат дека во Тунис и понатаму постои силен отпор на независното новинарство.”

Во шок останал и самиот Кедира кој не ни сонувал дека ќе предизвика толкав скандал.

“Ги почиувам сите религии и верувања на сите луѓе, но не можам да прифатам да се брани слободата на изразување”, истакнал фудбалерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma