Кејт го копира модниот вкус на принцезата Дајана?!

popara28 ноември, 20121min00
kejt

Кејт Мидлтон на вчерашата изложба во музејот на Лондон го промовираше новиот изглед. Инспирација најверојатно и биле доцните 70-ти и почетокот на 80-те години, имајќи ги предвид новата фризура и ретро зелениот фустан, кој неодоливо потсетува на принцезата Дајана.

Таа одбрала Малбери зелен фустан, која пред тоа ја носела на прославата на дијамантскиот јубилеј на Кралицата, во Бакингемската палата и која е речиси идентична на онаа која во 1983-та година ја носеше принцезата Дајана во текот на нејзината турнеја, кога го напушташе Окланд на Нов Зеланд и се упати накај Бахамите. И двата фустани имаат високо подигнат струк и балон ракави.

За големата сличност меѓу војвотката од Кембриџ и трагично настраданата принцеза допринесе и новата фризура на Кејт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma