Тјунинг компанијата Kicherer најавила Supercharged GT пакет за Mercedes SLS AMG…
6,3 литарски В8 агрегат, сега развива околу 7ks и 840Nm вртежен момент, а сето тоа благодарение на новиот компресор кој на овој автомобил исто така му овозможува забрзување од 100 км/час за само 3,4 секунди. Максималната брзина сега изнесува 300 км/час. Покрај надоградбата на моторот тука е и новиот издувен систем и потполно нова прилагодлива суспензија.
Кога станува збор за стајлинг, тој навистина успеал да го привлече нашето внимание, а се состои од нов преден спојлер, заден дифузер, нова предна маска, како и нова мат црна боја на каросеријата. Сите стајлинг делови кои тјунинг куќата Kicherer ги инсталирала на овој автомобил се од карбонски влакна.
Завршните детали се новите 20-инчни и 21-инчни алуминиумски тркала кои се завиткани во Michelin Pilot Super Sport гуми со високи перформанси.