Убавата старлета Ким Кардашиан целосно се “префрли“ на пролетната и летната гардероба, така што на нејзините најнови фотографии можеме да видиме што ќе се носи оваа сезона.
Фотографите вчера ја фатија на аеродромот во Лос Анџелес во ултра модерна пастелна комбинација, а за разлика од нејзините редовни тесни фустани и тесни панталони, убавицата овој пат се одлучи за широк фустан, кој го искомбинира со златни сандали, црн појас и голема бела чанта со реси.