Разбуди ме!

4 април, 20120
s2

Шетам по пусти патишта. Се насладувам на воздухот, на сонцето, на птиците и се радувам зошто нозете сами ме водат.

На едно место крај патот среќавам еден роб, кој спие.

Се приближувам и гледам, тој сонува.

И знам што сонува: робот сонува како е слободен.

Изразот на лицето му е спокоен и ведар. Се прашувам…

Дали да го разбудам и да му кажам, дека тоа е само сон,

За да не заборави дека сеуште е роб?

Или да го оставам да спие колку може и да се радува макар и на сон,

На таа заблуда?

–        Кој е точниот одговор?…ме запраша гласот во мене.

–        Нема точен одговор – продолжи тој – Секој сам треба да го најде својот одговор и тој не може да се најде надвор од тебе.

–        Мислам дека јас ќе се укочам пред робот и ќе се чудам што да правам – одговорив јас.

–        Приближи се до робот и погледни го, ми рече мојот внатрешен глас. Ако тоа сум јас, не чуди се повеќе:

–        Разбуди ме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber