Еден 26 – годишен кинез неодамна стана тема на разговор откако зачинетата супа која ја изел му направила дупка во стомакот.
Супата која човекот ја изел е традиционално кинеско јадење наречено “мала”, што во превод значи ’лута вкочанетост’. Името го доби по чувството кое го предизвикуваат состојките на супата, меѓу кои често се наоѓаат сичуанска пиперка, локални зачини и чили.
Откако ја изеде супата, неименуваниот дечко кој никогаш претходно немал гастроинтестинални проблеми, почувствува остра болка и почна да повраќа крв. Брзо беше префрлен во болница во градот Вухан, каде лекарите му открија дупка на стомачниот ѕид.
Според написот на Herald Sun и локалните кинески медиуми, некои ресторани почнале да користат евтини синтетички состојки кои ги имитираат карактеристиките на природните зачини. Медиумите не наведоа што се наоѓало во чорбата која му го ’растури’ стомакот на дечкото.