Киндер колач

8 февруари, 20120
kinder

Потребни состојки:

За кора:

5 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици брашно

5 лажици какао

1 ванилин шеќер

1/3 лажичка прашок за пециво

Рендана кора од лимон

Фил:

200 мл. слатка павлака

2 лажици мед

½ ќесичка желатин

4 лажици вода

Припрема:

Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го брашното, какаото и прашокот за пециво и повторно изматете со миксер. Посебно изматете ги белките, па соединете ги со претходно подготвената смеса и повторно матете.

Тавата обложете ја со хартија за печење и додадете ја смесата, па печење 15тина минути ан тепература од 180 степени. Проверете со чешкалка дали кората е испечена. Оставете ја да се излади, па пресечете ја на половина.

Изматете ја ладната слатка павлака, па додадете го медот. Желатинот измешајте го со водата, загрејте го до зовривање, па додадете го во павлаката и матете околу една минута.

Намачкајте ја едната кора со филот, па одозгора ставете ја другата кора. Оставете го колачот во фрижидер да се излади и да се стегне. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma