Оваа година Кинеската Нова Година започна на 23 јануари и ова е година на водниот змеј! Змејот претставува енергија, моќ и напредок. Водниот змеј носи многу можности за среќа. Во многу земји кинескиот народ прославува на улица. На тој ден тие го изведуваат традиционалниот танц на змејот. Повеќето луѓе не јадат месо на првиот ден верувајќи дека тоа обезбедува долг живот и добро здравје. Исто така е време кога луѓето носат нова облека да ја поканат новата енергија во нивните животи.