Кинескињата Li Xiufeng (95) ги шокирала локалните жители во селото од кое потекнува откако излегла од својот ковчег, шест дена откако наводно починала. Кинескињата паднала во бањата и ја повредила главата, кога ја пронашле соседите таа не мрдала и претпоставиле дека е мртва од здобиените повреди.
Два дена откако ја пронашле, соседите купиле ковчег со намера да ја погребаат достојно старицата, бидејќи таа немала никој и живеела сама. Одлучиле да не го заклучуваат ковчегот и да го остават неколку дена за да може сите од селото да се опростат од неа.
Кога се вратиле селаните да го земат ковчегот и да ја погребаат, се шокирале кога виделе дека во него го нема телото на старицата. Подоцна ја виделе како готви во кујната.
Старицата им раскажала на соседите дека се разбудила од чуден сон и дека некако се нашла во ковчег и дека многу е гладна.