Кинескиња излегла од ковчег после шест дена откако умрела!

29 февруари, 20120
87w

Кинескињата Li Xiufeng (95) ги шокирала локалните жители во селото од кое потекнува откако излегла од својот ковчег, шест дена откако наводно починала. Кинескињата паднала во бањата и ја повредила главата, кога ја пронашле соседите таа не мрдала и претпоставиле дека е мртва од здобиените повреди.

Два дена откако ја пронашле, соседите купиле ковчег со намера да ја погребаат достојно старицата, бидејќи таа немала никој и живеела сама. Одлучиле да не го заклучуваат ковчегот и да го остават неколку дена за да може сите од селото да се опростат од неа.

Кога се вратиле селаните да го земат ковчегот и да ја погребаат, се шокирале кога виделе дека во него го нема телото на старицата. Подоцна ја виделе како готви во кујната.

Старицата им раскажала на соседите дека се разбудила од чуден сон и дека некако се нашла во ковчег и дека многу е гладна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi