Кинези ќе ја градат најголемата зграда за 90 дена

21 ноември, 20120
najgolemata zgrada vo svetot

Кинеската компанијата “Broad Sustainable Building”, која се прослави со изградбата на хотел од 30 катови за само 15 дена, најавила изградба на најголемата зграда во светот и тоа до март 2013 година.

Брзината на градбата ќе биде овозможена благодарение на посебната технологија која компанијата ја развила и усовршила при изградбата на веќе 20 високи градби во Кина, а истата се состои од фабричко производство на деловите на зградата на други локации и нивно склопување на самото градилиште, односно на местото каде што ќе се издигнува облакодерот.

Кулата Скај Сити ќе биде девет метри повисока од сегашната највисока зграда во светот, Бурј Халифа, чија изградба чинела 15.000 долари за еден квадрат.

Скај Сити облакодерот ќе биде отпорен на земјотрес со јачина од 9 степени, како и на пожари кои нема да траат повеќе од три часа. Би требало да биде и исклучително енергетски ефикасен, благодарение на топлинската изолација, прозорците составени од три слоја и напредните технологии за климатизација.

Зградата е наменета за вдомување на 31.400 луѓе, за “оние и со високи и со ниски примања”. Околу 83% од просториите во зградите ќе бидат станови, додека останатиот дел ќе се канцеларии, болници, продавници и ресторани. Станарите ќе се движат низ зградата со помош на 104 брзи лифтови.

Дали оваа компанија ќе биде изградена до март, останува да видиме, но судејќи според снимката за изградба на хотелот, компанијата е и повеќе од способна да ги исполни своите цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *