Ќе ме убие жената! Кога мажот има страв во коски од жената! :)))

popara14 февруари, 20121min00
67c

Маж пријавил дека е ограбен, а всушност ги заборавил парите на покривот на автомобилот.

Алекс Џонс од Велингтон, Велика Британија, помагал на својата жена во собирањето доброволен прилог и му била доверена задачата да ги однесе дома парите. Но, Џонс ненамерно ја оставил кесата со парите на покривот на автомобилот додека го отклучувал, потоа седнал зад воланот и тргнал. Се разбира кесата со парите одлетала некаде по патот. Расеаниот Џонс му светнало дека ја заборавил кесата откако извозел  неколку километри.

Во паника, смислил откачена приказна за својата сопруга, истрчал во една пошта и пријавил дека некој го ограбил. Стигнала и полицијата, која ог него земала детален приказ на „злочинот“, како и детали за измислениот напаѓач.

Сепак, приказната на Џонс не завршила среќно за него, бидејќи полицијатги прегледала сигурносните камери и заклучила дека немало никакво ограбување.

Џонс на крај морал да признае што навистина се случило со кесата во која имало околу 1700 фунти. Полицијата го обвинила за давање лажни искази, иако тој молел за милост бидејќи ако дознаела жена му дека ја загубил кесата, ќе го „убиела“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag