Ќе се надеваш или ќе продолжиш да живееш?!

popara22 ноември, 20121min00
Love_Will

Една од најтешките работи во животот е разделбата. Не може да не боли но важно е да знаеме како да го заборавиме човекот што ни влегол под кожа и да продолжиме напред.

Еден од најтешките чекори за секоја жена е да ги оттргне од животот мислите за мажот кој до скоро го сакала или сеуште го сака, но повеќе не се заедно.  Навистина е ужасно тешко. И знаете ли зошто?  Зошто секогаш криеме мала надеж дека нешто може да се случи. Надежта дека може да се покае, дека сватил дека те сака само тебе, надежта дека решил да се промени…Надежта или фактот дека не сакаме да се помириме со реалноста, не сакаме да се соочиме со вистината дека таа врска не постои, бегајќи од вистината, бидејќи таа најмногу боли…Вистината дека се што си градел се урнало за миг, вистината дека твоите соништа станале кошмар, вистината дека љубовта веќе не постои…Ќе боли, да, но и ќе престане. Во моментот кога ќе се освестиме дека ако било она вистинското ќе продолжело и дека штом завршило, веројатно така требало да биде. Да се измачуваме со минатото или да продолжиме напред? Да дозволиме ситуацијата да не уништи и да не направи слепи за следните шанси во животот? Да се препуштиме на безмилосната судбина или да го земеме нашиот живот во наши раце? Да останеме згрчени од болка во пепелта или да се издигнеме како феникс? Да бидеме играчка во туѓите раце или да бидеме ние играчите? Да чекаме бурата да престане или да научиме да танцуваме во дождот? Ве мотивирав ли доволно? Ве натерав ли да видите дека животот не престанува тука, дека утре е нов ден, дека пред вас има нови шанси и реалност за вистинска среќа? Верувајте во себе, верувајте во она што го сакате и се ќе ви се даде! Не паѓајте со духот, зошто тоа најмногу ќе ве уништи. Исправете се во болката и не клекнувајте. Судбината ги сака борците, судбината е на страната на храбрите и на оние кои не се откажуваат лесно…

Надеж и мечти! Точно ова се најголемите непријатели на една жена, која се обидува да избрише еден маж од својот живот. Да, навистина надежта умира последна и точно тоа е најлошото во ваквата ситуација. Ова е патот по кој сите минуваме и колку повеќе тука се задржуваме, толку повеќе си одмогнуваме во достигнувањето на реалната цел – да го заборавиме за секогаш!

Колку побрзо се убедиш дека веќе ништо нема да има меѓу вас, толку побрзо ќе се доближиш до целта и ќе го заборавиш. Не е лесно, но зависи само од тебе. Важно е да повлечеш линија и да си кажеш дека се почнува од почеток – плановите, мечтите, потрагата по нов партнер, стариот начин на живот. Само вака еден ден ќе се разбудиш преродена, минатото заборавено и научени поуки од тоа минато.

Светот е полн со слободни и прекрасни мажи, со кои можеш да се запознаеш и да создадеш нова неверојатна врска. Едноставно, верувај во себе, тоа е начинот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag