Вецуалците се револтирани и лути откако се појавила фотографијата со ќерката на Чавез која позира со долари во раце, бидејќи на обичните граѓани купувањето на американските долари им е ограничено.
Каракас – Росинес Чавез, ќерката на претедателот Хуго Чавез, ги разлутила венецуелците откако се појавила фотографија каде таа држи американски долари во рацете. 14 годишната ќерка на претседателот се сликала сама со лепеза од американски долари и самата ја поставила сликата на интернет.
Иако станува збор за банкноти од 1 до 5 долари, сепак народот бил лут бидејќи на нив им е ограничено купувањето на американските долари, пишува Дејли Мејл.