Се вљубивте во него нели? Мислевте дека ако е нежен и мил со вас тоа значи и дека ве сака? Сте згрешиле многу! Девојките ги сакаат оние кои се најнедостапни за нив, си поставуваат високи цели, но недај Боже да се вљубат во нив.
Овој пат неговата стратегија ви е јасна! На него му се здосадило веќе да ве освојува со добро познатите излитени фрази, а вие очајно се обидувате да го промените, да ве засака, да бидете дел од неговиот живот, зошто тој е дел од вашиот…Што се случува кога ќе откриете дека тој се однесува исто и со друга девојка…
Не можете да поверувате, што се случи со чуствата што ги имаше за вас? Беше нежен и мил, гледаше вљубено, а сега се однесува вака?
Сега сте излажана, безнадежно вљубена и се налага да го делите човекот што го сакате. Колку и да ве боли, болката ќе мине. Плачете, невозможно е да не страдате, не потиснувајте ја маката и солзите. Верувајте, треба само да сакате, за да можете да продолжите квалитетно да живеете, нема невозможни работи!