Кога принцот на бел коњ ќе стане жаба…

9 јануари, 20120
1

Одиш натаму, наваму, луташ се додека еден сончев ден не се појави Тој. Симпатичен, нежен, прави се за тебе, постојано ти повторува колку си убава, а 5 минути откако ќе се разделите добиваш смс, со кој покажува дека веќе му недостасуваш и.т.н. Ова не ве ли подсетува на Принцот на бел коњ? Си мислиш дека тој секогаш ќе биде мил и добар, независно од се…да, ама не!

Во почетокот на врската, ние жените сме многу претпазливи, реалисти сме и знаеме дека ако веднаш поверуваме, после стануваме слепи за поголемите лаги.  За разлика од мажите кои се точно спротивното – во почетокот се вљубени, прават се за да бидат со тебе, постојано ти покажуваат колку многу им значиш и после…Едно утро се будиш и сето тоа веќе го нема и дури незнаеш што точно се случило. Почнуваме се поредко да се гледаме. За јавување по телефон и да не зборуваме, таму се надпреваруваме кој е поголем „инает“ и кој прв ќе се предаде. Кога пробав да разговарам со него, не успеав, нешто ме спречуваше, не можев дури и да му се налутам. Парадоксот беше во тоа што ниту ми се допаѓаше ваквата ситуацвија, ниту можев да се навикнам за да ми биде полесно. Да, бев многу исплашена, зошто за прв пат ми се случуваше некој толку многу да ми влезе под кожа!

Се чуствував ужасно несигурна во него, еден момент ми објаснува дека му е сеедно дали сме заедно, следниот пат вели дека ако сакал да стави крај на нашата врска сам ќе ми кажел, а  вели и дека ова е само период. Ок, пак поверував и трпев уште некое време, додека на крај не сватив дека не треба да сум сигурна во него, а во себе си. Зошто како секој реалист си мислам дека не е човечки да си го причинувам ова, бидејќи сепак доволно се сакам себе си, а кога сакаш некого, сакаш тој да е и среќен, нели?

Варијантите за справување со ваквата ситуација се две. Првата варијанта е да продолжиш да ја бакнуваш жабата додека пак не стане принц или барем малку да почне да личи на него, а другата опција е – да го оставиш да најде друга принцеза, која можеби ќе успее да го натера да си остане принц 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber