Кои се Гинисовите рекорди на Симпсонови???

23 февруари, 20120
The-Simpsons-007

Инспирирани од рекордот на фановите на Симпсонови, кои неодамна влегоа во Гинис откако го изгледаа најдолгиот маратон на епизоди од својата омилена серија, решивме да се навратиме и да ги откриеме сите рекорди на славните Симпсонови.

Верувале или не, освен рекордот кој ви го претставивме вчера, постојат дури уште 7 други Гинисови рекорди поврзани со оваа култна серија:

Анимирана ТВ серија која најдолго се емитува: Првата епизода на Симпсонови премиерно беше прикажана на 17 декември 1989 година, а овој месец премиерно беше прикажана 500-тата епизода. Според Гинис, Симпсонови се анимирана серија која најдолго се прикажува.

Комична ТВ серија која најголго се емитува: Заради својот комичен карактер, Симпсонови се рекордери и во оваа категорија.

Најмногу Еми награди освоени од индивидуалец: Џејмс Брукс, продуцентот и режисерот на Симпсонови освои дури 19 Еми награди во 2006 година, повеќе од сите досега.

Најмногу Еми награди за анимирана серија: Досега Симпсонови има освоено дури 20 Еми награди.

Најмногу „гости“ во ТВ серија: Во Симпсонови досега гостувале, односно гласот го позајмиле 337 познати личности кои не се дел од регуларната екипа на серијата.

Најбарана серија на интернет: Симпсонови е апсолутен рекордер кога станува збор за пребарување на серии на интернет.

Најголема кула од крофни: На прославата во чест на премиерата на филмот за Симсонови во Капитал Радио во Лондон беше направена најголемата кула од крофни висока 110.5 сантиметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi