Кој е најромантичниот град на светот ?

14 февруари, 20120
rx45t

Париз, Венеција, Виена, Дубровник…Постојат многу убави градови…а сепак одлуката околу тоа  кој од нив е најромантичен…Ви ја препуштаме Вам!

Светот е полн со романтични дестинации- од викторијанските гостилници во Сан Франциско, до симпатичните куќички за чај во Kyotо. Париз веќе долги години е синоним за најромантичен град во светот меѓутоа понудата е голема. Едноставно, постојат многу градови кои романтиката би ја разбудиле кај секого…

Буенос Аирес

Квалитетите во врска со тоа дали еден град ќе го сметаме за романтичен или не, се сепак субјективни. За некои луѓе најромантичен на светот е Буенос Аирес, поради страсното танго и романтичните ресторани.

Дубровник

За други- Будимпешта, поради богатата историја видлива на секој агол. Некои би се одлучиле за мароканскиот град Фес, поради големата мистериозност и необични мириси и вкусови, а други за ладната, но волшебна- Прага. За некои пак совршен би бил Дубровник , поради прекрасните тврдини и тиркизната морска боја….Во чест на празникот на љубовта, Ви претставуваме фотографии од градовите во кои можете да го празнувате овој прекрасен ден…

Прага
Кјото
Лисабон
Париз
Венеција
Монтреал
Рим

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *