Кој е најскапиот град за живеење?! :)))

15 февруари, 20120
General view Zürich

Прв пат после 20 години, Цирих го замени Токио како прв на листата на најскапи градови за живеење, така покажало истражувањето на Economist Intelligence Unit (EIU).

Како што соопштува Ројтерс, покрај зајакнувањето на швајцарскиот франк како причина за претворање на Цирих во најскап град во светот, допринело на треттото место да се најде и Женева.

Второто место го доби Токио, додека Осака го дели третото со Женева, а потоа следуваат Осло, Париз, Сиднеј, Мелбурн, Сингапур и Франкфурт.

Канадскиот град Ванкувер е најскапиот град за живее во Северна Америка, а рангиран е на 37-то место. Во САД пак, Лос Анџелес е прогласен за најскап град, а на листата се најде на 42 позиција.

На дното на оваа листа се наоѓаат Карачи, Пакистан, потоа Мумбај и Техеран.

EIU ја спроведува оваа анкета два пати годишно, а во него вклучува цена на 400 производи и услуги во 130 градови, од храна, пијалоци, облека, живеалишта, трошоци за образование и рекреација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma