Ештон Качер вчера го прослави својот 34ти роденден со колегите од серијата “Два и пол мажи”. Актерот чиј неуспешен брак со Деми Мур во последно време е жешка тема за медиумите, на подарок добил огромна торта со промотивна слика од споменатиот филм.
“Ги сакам моите колеги”, објавил Качер со фотографија на Твитер и на овој начин се заблагодарил на Џон Крајер и Ангус Т.Џонс за пријатното изненадување.
Покрај тортата која неочекувано ја добил, Ештон ги замолил останатите да не му купуваат никакви подароци, наместо тоа да донираат пари на организацијата “DNA Foundation” за борба против сексуалната експлоатација на децата.