Се очекува новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8, да се појави во октомври оваа година. Но последните неколку дена се шпекулира за тоа кој ќе биде првиот производител на таблет со Windows 8.
Мајкл Дел, основач и претседател на Dell, најави дека оваа компанија има намера да лансира сопствен таблет со Windows 8, на првиот ден кога овој оперативен систем ќе биде претставен.
Како и да е, според Verge, постои уште една компанија која сака да го направи ова. Наводно, Lenovo има намера да биде првиот производител кој ќе понуди Windows 8 таблет. Тие планираат да го направат ова во октомври.
Но не се заинтересирани само Dell и Lenovo. HP и Asus, а од неодамна и Nokia, исто така се заинтересирани да направат Windows 8 таблет. Како и да е, најавено е дека Microsoft ќе го бира првиот производител според одредени нивни критериуми.