Коктел опасен по живот: На тинејџерка и го отстраниле желудникот откако во бар испила “смртоносен коктел”!

popara9 октомври, 20121min00
koktel

На тинејџерка и е отстранет желудникот откако во еден бар испила коктел кој како еден од состојките содржи течен азот.

Геби Шенлон го прославила својот 18-ти роденден во еден бар во Велика Британија. Откако го испила својот коктел со течен азот почнала да се жали дека не може да дише и дека чувствува силни болки во пределот на стомакот.

Геби брзо била пренесена во болница и и е извршена итна операција. Докторите и го отстраниле желудникот за да и го спасат животот. Иако не е во животна опасност, Геби се наоѓа во тешка состојба.

Барот во кој Геби го испила овој опасен коктел минатот месец го промовирал истиот коктел на Фејзбук. “Порно ѕвезда Мартини” е името на коктелот кој е специјалитет на куќата и содржи течен азот. По овој инцидент, барот повеќе не го продава овој коктел.

Течниот азот може да биде смртоносен кога ќе се вдише и проголта. Доколку се голтне, азотот може да замрзне делови од усната шуплина, трахеата или стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag