Колачи со тројно чоколадо

popara10 февруари, 20121min00
tojno cokolado

Потребни состојки:

200 гр. чоколадни бисквити

80 гр. путер

80 мл. ладна вода

5 лажици желатин во прав

500 гр. крем сирење

65 гр. шеќер во прав

120 мл. млеко

150 гр. бела чоколада

350 мл. слатка павлака

Припрема:

Сомелете ги бисквитите, додадете го растопениот путер и изматете со миксер. Намрсете ја тавата за печење со масло за јадење и со раце рамномерно распоредете ја смесата од бисквити и путер. Ставете ја тавата во фрижидер 20тина минути.

Водата и желатинот загрејте ги до вриење. Со миксер изматете го крем сирењето, шеќерот и млекото, па додадете го желатинот и изматете ја смесата. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел додадете ја стопената бела чоколада, а во другиот чоколадата за готвење.

Изматете ја слатката павлата, поделете ја на два дела и по еден дел додадете во смесата со бела и смесата со чоколада за готвење. Прелијте го темниот фил врз смесата со кекси. Ставете ја тавата повторно во фрижидер околу 15 минути. Потоа врз тоа нанесете го белиот фил и рамномерно распоредете го. Оставете го колачот да отстои во фрижидер преку ноќ. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag