Дали некогаш сте фантазирале да дадете отказ и да тргнете на пат околу светот?!
Двајца блогери, Кајл и Брајан го претворија овој сон во реалност. Во Азија изнајмиле соба за двајца и јаделе три оброка на ден, во Европа престојувале кај пријатели, кампувале, но се хранеле и по ресторани.
Тие пропатувале низ 19 земји низ Азија, Африка и Европа, па така ги запишувале дневните трошоци за да им докажат на другите дека може со малку пари да се пропатува светот. Конечната цифра изнесува 15.000 долари, а сите трошоци можете да ги видите на мапата.