Американски научници тврдат дека можат да кажат со точност дали едно лице ќе живее долго. Експертите „читаат“ за должината на животот од генетичните вариации откриени кај луѓето што живееле над 100 години. Екипата од Универзитетот во Бостон ја анализирале ДНК низата на 800 луѓе, сите над сто години. Паралелно со нив е проучувана и група од 900 наполно здрави луѓе на различна возраст, кај кои се откриени 280 генетски вариации, како кај стогодишните.
Со помош на генетски маркери тимот успева да направи преглед преку кој откриваат дали луѓето ќе живеат подолго од 100 години. Освен тоа тие сметаат дека изолирање на ДНК од столетниците може да помогне и во откривањето на нови методи за лечење на болести како деменција, болести на срцето и продолжување на животот. Ова покажува дека генетиката игра многу поважна улога во однос на должината на животот отколку претходно се сметаше.