Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе во светот се родени на ист датум со вас, и колку е чест вашиот роденден?!
Доколку сте се прашале, ви ги носиме одговорите и листата за најчестите роденденски датуми кои во форма на таблица ги објави Гизмодо.
Таблицата од Харвардскиот Универзитет, направена е со помош на податоци од 1973 до 1999 година, а според неа најмногу луѓе се родени во септември.
Она што можеби нема да ве изненади е фактот дека на 29 февруари се родиле најмалку луѓе.
Исто така, мал е бројот на луѓе родени на празници, додека јули, август и септември се најдоминантините месеци за роденденски прослави.