Колку време се лекува скршеното срце?

popara14 април, 20121min01
s1

Секој кој преживеал тешка разделба од која навистина го заболело се прашува внатрешно: „Колку време ќе ме боли? Кога ќе почнам да размислувам за нова врска?“ Одговорот не е едноставен.

Реалноста е таква и секогаш за едниот од партнерите е полесно да продолжи напред, отколку за другиот. Понекогаш изгледа дека сосема сме се справиле со болката, но во реалноста само сме добри во успешно потискање на истата.

Не може да се каже кој е најлесниот начин за преживување на ваквата мака но сепак, еве неколку стратегии кои можат да ви помогнат побрзо да го излекувате скршеното срце:

Ослободете се од се што ве потсетува на него – избришете ги сите слики на кои сте заедно, фрлете се што ве потсетува на него. Нема причина зошто сеуште да ги чувате, кога веќе не сте заедно. Еден ден ќе сретнете друг човек, со кој ќе си создадете нова историја.  Избришете го бившиот и од социалната мрежа, променете го статусот во слободна, избришете го и неговиот телефонски број. Идејата е – далеку од очите, далеку од срцето.

Сигурно сте ја слушнале поговорката – клин со клин се избива? Истото се однесува и во оваа ситуација. Дури и да не се чувствувате спремна за нови состаноци и средби, направете го! Вниманието кое ќе ви го посветат ќе ви ја подигне самодовербата и ќе ја пополни емоционалната дупка во душата.

И сепак, колку време?

Нема одговор. Факт е дека надминувањето на разделбата одзема толку време, колку е неоходно. Најдоброто што можете да го направите, е да продолжите да се грижите за себе си и да се фокусирате само на позитивни работи во својот живот, како например пријателите или семејството. Бидете оптимисти – вашиот живот ќе продолжи, а новата љубов е некаде таму и ве очекува!

One comment

  • Vasko

    28 ноември, 2012 at 11:26

    mazite 1000 pati potesko preboluvaat za razlika od zenite

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag