Американската компанија „Нетфликс“, чија вредност на берзата е проценета на 6 милијарди долари, одлучила на своите вработени да не им го ограничува времето за одмор, па затоа секој може да си земе одмор кога сака и колку сака.
Во обид да се ослободи од непотребната папирологија која е потребна кога некои од 900-те вработени сака да оди на одмор, компанијата направи револуционерен чекор, па им дозволи на вработените да си ги организираат сами слободните денови.
Иако, се очекувало работниците да го злопупотребат овој либерален систем, тоа не се случило. Рид Хејстингс, еден од основачите на компанијата, изјавил дека тоа се должи бидејќи вработуваат зрели, одговорни луѓе кои сакаат да постигнат квлаитет во работењето.
Според неговите зборови, компанијата се повеќе се насочува кон постигнатата работа, отколку бројот на денови кои работниците го поминале.
Нетфликс не е единствената компанија која го применила овој систем за одмори, бидејќи и познатиот ИБМим овозможил на своите вработени да излегуваат од работа порано или пак да зимаат слободни денови без најава, се додека тоа не влијае на работата.