Холивудскиот пар, Бред Пит и Анџелина Џоли во неколку наврати изјавија дека би сакале да стапат во брак, но дека тоа нема да го направат се додека сите луѓе во светот го немаат истото право да влезат во брачниот живот. Но, Бред неодамна откри дека можеби нема да може да чека тоа да се случи, бидејќи тој и Анџелина Џоли, заедно имаат шест деца и тие силно сакаат да ги видат двајцата венчани.
Во текот на интервјуто со CBS, Бред исто така изјави: “Ние сме под притисок од нашите деца, нив им значи тоа многу. Пред некој ден децата бараа од мене да и купам прстен на Анџелина, а јас се согласив на тоа”.