Конечно откриена мистеријата зошто зебрите имаат пруги! :))

10 февруари, 20120
200207298-001

Научниците веќе со децении се обидуваат да докажат и да дознаат зошто зебрите имаат пруги. Овој пат унгарските и шведските научници веројатно ја открија оваа причина.

Во магазинот Journal of Experimental Biology била објавена студија во која научниците укажуваат на тоа дека дошле до заклучокот зошто зебрите имаат пруги, а одговорот е за да се одбранат од муви.

Ефектот на црно бели пруги на посебен начин ја рефлектира светлината и ги отфрла мувите од зебрата.

Групата начучници експериментите ги правела на коњи, а со набљудување дошле до податоците дека одразот на светлината од темните влакна ги привлекува мувите.

Затоа направиле уште еден експеримент, во кој направиле модели од коњи во различни бои и ги премачкале со лепак за да на крај ги избројат мувите. Моделите на коњите биле во целосно црна боја, целосно бела боја и онаа како кај зебрите и двете бои.

На крај било заклучено дека најмалку привлечен модел за мувите бил оној кој личел на зебрите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma