Конечно порасна: Кристен Стјуарт во многу дрско и секси издание!

popara6 јуни, 20121min00
naslovna

Открила што навистина мисли за своите критичари и за славата која и се случи “преку ноќ”.

Една од најбараните Холивудски ѕвезди, Кристен Стјуарт позираше на улиците во Париз за еден од најпознатите фотографи Марио Teстина.

Кристен ја краси насловната страна на Vanity Fair, а за потребите на снимањето го оживеала гламурозниот дух на минатиот век и се стегнала во некои заводливи и секси изданија. Позирала со познатиот Карл Лагерфилд.

Младата ѕвезда коментирала и за лошите коментари кој ретко ја поштедуваат. Често и се замерува дека е премногу сериозна и дека незнае да позира.

“Не сакам да изгледам совршено на секоја фотографија. Сакам да бидам природна, а не да ме сметаат за актерка и во реалниот живот. Не ми е гајле за зајадливите луѓе и нивните коментари”, изјавила Кристен.

Денес се чувствува многу позрела отколку кога “преку ноќ” стана глобално популарна со улогата на Бела Свон во популарната сага “Twilight” со само 18 години.

“Бев дете и потполно неподготвена”, изјавила Кристен.

Дел од атмосферата од гламурозниот изглед на Кристен Стјуарт погледнете го во видеото:

http://www.youtube.com/watch?v=tzNl5e-_2SY&feature=player_embedded