
Еден маж од Тексас е обвинет поради инсталирање скриен фотоапарат во спалната соба на поранешната сопруга.
Интересно е тоа што мажот голите фотографии не ги објавил никаде, само ги чувал во својата колекција бидејќи сакал да ја гледа гола. 42 годишниот Мануел Товар бил во брак од 1991 до 2002 година.
Неговата сопруга го открила фотоапаратот кога се качила на таванот и видела дека стои на компјутерот. Таа го препознала лап топот кој припаѓал на нејзниот поранешен сопруг. Потоа еден сосед и помогнал да го лоцира и апаратот.
Овој инцидент на шпионирање на поранешна жена не е прв. Во септември 2011 година маж од Пенсилванија бил уапсен бидејќи ја снимал поранешната сопруга во текот на целиот ден.