Кралски дијамант продаден за 10 милиони долари!

popara16 мај, 20121min00
e32

Еден од најстарите и најславните дијаманти во светот, Beau Sancy, продаден е на аукција во Женева за 9,7 милиони долари, јави Би Би Си.

35 каратниот драг камен го носела Марија де Медичи на крунисувањето на француската кралица во 1610 година. Од тогаш наваму тој е бил во сопственост на многу европски кралски семејства, кои го користеле да го покажат своето богатство или пак да ги платат своите долгови.

Продажбата на овој дијамант предизвика големо внимание и жестока конкуренција меѓу понудувачите. На крај дијамантот бил продаден на анонимен купувач.

„Многу е ретко ваков дијамант со толкава важност да се најде на пазарот“, изјавил Давид Бенет од Ѕothebys. „Досега тој не бил надвор од кралствата, има беспрекорно потекло и се наоѓа во историските книги за познат накит“, додал на  крај.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag