Кристина Агилера прозборе за своите проблеми со вишокот килограми, но и за она што треба да го поседувате ако сакате да бидете во светот на шоу бизнисот. Некогаш една од најпознатите тинејџерски ѕвезди, Кристина од мали нозе е навикната на медиумско внимание. “Мора да бидете силна, моќна и многу самоуверена жена”, изјавила Агилера.
“Жените се како под микроскоп. Додека сум среќна во својата кожа, тоа ќе го забележат и другите”, изјавила Агилера како надополнување за критиките за својот изглед. Сепак, убаво е што до неа е и дечкото Мет Рутлер. “Имам момче кое го сака моето тело, го сакам моето тело, имам здрав и среќен син и тоа е се што ми е важно”, додава пејачката.