Потребни состојки:
1 јаболка
60 гр. брусница
100 гр. суво грозје
150 гр. шеќер
100 мл. масло за јадење
250 мл. кисела вода
½ ќесичка цимет
2 ќесички ванилин шеќер
1 прашок за пециво
350 гр. брашно
150 гр. шеќер во прав
3 лажици врела вода
Припрема:
Помешајте ги сите состојки освен шеќерот во прав и врелата вода. Јаболката излупете ја и изрендајте ја. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Калапот за куглоф намрсете го, па во него претурете ја смесата.
Пеќете на 180 степени околу 50 минути, па откако куглофот ќе се испече, оставете го да отстои во калапот уште 10 минути, па превртете го на чинија за сервирање. Во врелата вода разматете го шеќерот во прав, па со глазурата прелијте го куглоф колачот. Добар апетит!