Само за 100 евра фирмата ќе ги запознае „кандидатките“ со историјата на најдревната професија, ќе ги научи како да се служат се секс играчки и ќе ги обучи успешно да ги применуваат најпопуларните пози од Камасутра, пишува во британскиот „Дејли мејл“.
После обуката „матурантките“ ќе ја добијат и првата понуда за работа – да ја водат практичната настава во училиштето на истата фирма.
Идејата предизвика бран критики во оваа претежно католичка држава и мнозинството велат дека тоа е лош начин да се обезбедат работни места за шпанките државјанки кои останале без работа, се вели меѓу другото во списанието.