Lana Del Rey: Десетминутен спот за “Ride”
12 октомври, 20120
Најновиот сингл на Лана дел Реј, “Ride”, многумина го опишаа како мелодрамичен – а спотот, кој денес ја доживеа својата премиера во целост ја следи песната.
Десетминутен филм за оваа песна е снимен во Невада, а првата реакцијата на фановите, но и на критичарите е дека Лана овој пат создала ремек-дело за кое долго ќе се зборува. Спотот го режирал Ентони Мандлер, кој со пејачката соработувал и на спотот за песната National Anthem.
Погледнете го новото видео остварување на ѕвездата во подем. Дали ви се допаѓа?