Секс бомбата Лариса Рикелме, сопственичката на најбујните навивачки гради која славата ја стекна на Мундијалот во ЈАР 2010, е уапсена заради секс на јавно место.
Жешката Парагвајка и нејзиното момче, фудбалерот на Серо Портено, Жонатан Фабро им се препуштиле на страстите во автомобилот кој го паркирале крај прометен пат во близина на главниот град на јужноамериканската земја, Асунсион. Сведоци ги пријавиле, а полицијата ги привела.
Атрактивната Рикелме на Светското првенство во Јужна Африка пред две и пол години стана ултрапопуларна, а потоа таа дополнително ја зголеми бројноста на своите машки фанови, соблекувајќи се за бразилското и мексиканското издание на Плејбој.