Гага признала дека на 19 скоро секој ден консумирала кокаин, бидејќи била многу осамена.
Ултра популарната американска пејачка Лејди Гага во интервјуто за магазинот “Венити фер“ признава дека понекогаш консумира кокаин, но на своите обожаватели им порачува да не ја копираат во тоа.
Таа вели дека пред да стане светски позната почесто земала дрога, но не била зависник бидејќи нејзиниот татко и вршел притисок да ја остави дрогата. Гага вели дека тоа бил период додека била слободен уметник во Њујорк.
“Можев да престанам, под дејство на дрогата ме фаќаше паника, а сега сум сосема добро“, вели дваесет и четиригодишната контроверзна пејачка.