Лејди Гага позирала гола за Тони Бенет!

popara9 април, 20121min00
gagatony

Необичното дуо на ексцентричната американска пејачка Лејди Гага и легендарниот Тони Бенет во песната “Lady is a tramp” ги донесе овој пар во уште една необична соработка.

Во вчерашниот CBS специјал за американскиот Ден на благодарноста, 25-годишната Гага и признала водителката Кети Корник дека на Бенет му позирала како од мајка родена. Во емисијата е прикажна и фотографија на дел од цртежот кој во целото издание ќе се појави во магазинот “Vanity Fair”.

Лејди Гага опишувајќи го целото искуство, во голема мера му ласкала на постариот колега: ”Влегов во просторијата, ја соблеков наметката и се наместив. Ми беше непријатно, па помислив “Тоа е Тони Бенет, зошто сум гола? Тој е многу згоден, а јас почувствував срам кога би налетала неговата сопруга, бидејќи тој е шармантен и совршен џентлмен”. Дека чувството на восхит е взаемно, потврдил и 85 годишниот  пејач: “Таа е најпрекрасната  личност која сум ја запознал. Има нешто посебно кај неа. Таа е американски одговор на Пикасо.”

Лејди Гага на овој коментар одговорила во свој стил: “Не знам баш дали сум новиот Пикасо, но секако сум извртена како неговите слики”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag