Лекарите во шок: По срцевиот удар го заборавил мајчиниот и почнал да зборува на друг јазик!

28 декември, 20120

Англичанецот кој во текот на Втората светска војна живеел во Велс, но никогаш не го научил велшкиот јазик, по срцевиот удар зборувал токму на тој јазик.

Алан Морган (81) во 1944 година бил евакуиран во Велс, кој го напуштил пред 70 години. За време на својот престој во Велс бил опкружен со луѓе на кои велшкиот им бил мајчин јазик, но тој никогаш не успеал да го научи. По војната се вратил во Лондон, каде останач да живее до денес и каде му се случил срцевиот напад.

Три недели по неговиот удар му се вратила свеста, а лекарите останале збунети кога виделе дека Морган веќе не се сеќава на англискиот јазик и дека зборува велшки. Лекарите му дијагностицирале афазија, оштетување на мозокот, што предизвикува  промени во мозочниот предел за говор.

-Мојата сопруга беше шокирана како никогаш во животот кога почнав да зборувам велшки – вели Морган, кој наскоро по закрапнувањето се присетил на англискиот јазик, додека велшкиот го заборавил.

-Англиските зборови постепено се враќаа, но воопшто не беше лесно – вели Морган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *