Леона Луис: Можев да завршам како Ејми Вајнхаус

popara7 октомври, 20121min00
leona Lewis

Пејачката Леона Луис изјавила дека можела да заврши трагично како нејзината колешка Ејми Вајнхаус.

Леона на новинарите им зборувала за своето детство во квартот во источниот дел на Лондон каде морала да вложи многу памет за да го избегне патот кон зависноста на дрогата и алкохолот.

“Таму каде што јас израснав беше премногу лесно да се “навлечеш” на алкохол или дрога. Веројатно ќе завршев како Ејми, но го избегнав тоа на време”, вели пејачката.

Додала дека растењето во таква средина имало и свои предности, со оглед на тоа дека многу рано научила да се грижи за себе.

“Да речеме, ако некогаш се најдам во клуб во кој некој посегнува по пиштол, би останала мирна, бидејќи тоа е светот со кој се среќавав”, заклучила Леона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *