Љубители на гаџети, дали некогаш сте размислиле колку е кул да имате робот милениче кое може да лета. Новата верзија на Parrot AR Drone 2.0 пристигнува во следните неколку месеци и ви овозможува вистинска забава.
Благодарение на новите технолошки усовршувања, преку WiFi сигналот од вашиот iPhone, iPad или од Android Smartphones како на пример HTC Sensation контролата на овој апарат е многу едноставна. На предна страна од апаратот е сместена 720p навигациона камера, со HD видео подршка и сензор кој ја одредува неговата брзина.