Кога станува збор за рамните, тенките екрани на телевизорите, корисниците години наназад може да бираат помеѓу плазма и LED. Сите оние кои се подготвени да дадат поголеми пари, од оваа година ќе имаат уште една можност.
Корејската компанија LG минатата недела го најави 55-инчниот OLED, а засега објави две фотографии кои прикажуваат за каков инзвореден телевизор станува збор, пишува Mashbale.
Зошто е толку револуционерен? Доколку некогаш сте имале можност да видите ОLED екран, кој сигурно бил значително помал од овој, тогаш сигурно ги приметивте неговите исклучително силни бои и неверојатно мала дебелина. На пример, екранот кој го гледате на сликата има дебелина од само 4 сантиметри.
Како што пишува на службениот блог на LG, боите на овој телевизор се уште посветли, па сликата е уште поприродна и попрецизна. Имено, секој пиксел емитира црвена, зелена, сина и бела, наместо комбинацијата од црвена/зелена/сина, која се користи во другите OLED екрани и на повеќето од екраните кои денес се произведуваат.
Олед екраните не бараат позадинско осветлување, па поради тоа трошат многу мала енергија. Времето на одзив кај ОLED екраните е мало, а фреквенцијата на освежување е голема и има голем контраст. Но, и покрај големите предности, тие сеуште не се толку лесно достапни, и се прескапи за просечниот корисник. Иако OLED екраните не се некоја голема новост, LG успеа да направи екран кој е голем, а тоа претходно не беше возможно, посебно за разумна цена и доволно долг животен век, бидејќи органските супстанци во органските светлечки диоди се трошат со тек на време.
Според Пол Гаргон, аналитичар во Display Search, просечната цена на OLED екраните нема да биде помала од 5.000 долари.
Корејскиот производител службено ќе го претстави новиот телевизор на саемот CES- Consumer Electronics Show во Лас Вегас, кој ќе започне на 10 јануари.