Вчера официјално започна со продажба новиот LG Optimus 3D Max, стои во официјалното соопштение на оваа компанија.
Овој модел првобитно беше претставен во Барселона, на MWC саемот, а извршниот директор ан LG, Јонг-Сеок Парк, изјави дека со него компанијата сака да ги помрдне границите кога станува збор за забавата на мобилните телефони.
„Нашиот 3D телефон од новата генерација е значително потенок и полесен од својот претходник, а корисниците ќе имаат можност да уживаат во совршениот приказ, како во 3D, така и во 2D резолуција на сликата”, изјавил тј.
Од својот претходник Optimus 3D Max е 2 милиметри потенок и 20 грама полесен, благодарејќи на камерата со резолуција од 5 мегапиксели, корисниците имаат можност да снимаат и фотографираат во 3D формат.
Што се однесува до хардверските карактеристики, тука се двојадрениот процесор на 1,2 GHz, 4,3 инчниот 3D WVGA екран, а телефонот работи на Android во верзијата 2,3. Прашање е само кога ќе стигне во Македонија.