Ли Хадвин – уметник кој црта само кога месечари

popara11 јануари, 20121min00
Lee-Hadwin-the-Sleepwalking-artist

Сигурно сите сте чуле за луѓе кои хрчат, се смејат, зборуваат, па дури и месечарат додека спијат. Но дали некогаш сте чуле за некој кој црта додека месечари?

Ви го претставуваме Ли Хадвин, 37 годишен уметник од Лондон, кој црта додека спие од својата четиригодишна возраст. Кога бил мал тој додека месечарел цртал по ѕидовите на семејната куќа, но подоцна неговите дела станувале се подобри и подобри. Неговите дела денес се толку популарни што достигнуваат шестоцифрени суми.

Хадвин досега има создадено околу 200 уметнички дела. Тој секоја вечер пред да заспие ги остава материјалите за цртање веднаш до неговиот кревет. Најинтересен е сепак фактот дека кога е буден, Хадвин не може да нацрта ништо, а во училиште по предметот ликовно имал двојка.

Хадвин верува дека додека спие тој е посетен од духови кои му даваат натприродна моќ за цртање. Но научниците веруваат дека тој преживеал некоја траума која му оневозможува да го открие својот талент додека е буден. Погледнете ги неговите дела:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag