На дваесет години лицето ви е такво, какво што ви го дарила природата, а како ќе изгледа на 50-ет зависи од вас.
Се будите едно мрачно утро и погледнувате низ прозорецот, нема сонце и скоро не се очекува да се појави…Се погледнувате во огледалото , а од таму ве гледа една намуртена жена со несреќен изглед. Не се изненадувајте, тоа сте вие и наредните години сценава редовно ќе се повторува. Она што само вие можете да го направите во името на својата убавина, е оваа сцена повеќе да не се повтори. Лошото расположение многу лесно и брзо ги остава своите траги по вашето лице. Многукратно е докажано дека она што го чуствувате внатрешно се изразува најмногу на вашето лице. Ни една козметика неможе да го поправи тоа. Она што ќе ви го разубави лицето е позитивното мислење.
Затоа смејте се, смејте се дури и кога не ви е лесно на душата! Зошто после насмевката, доаѓа и доброто расположение, а после него доаѓа и убавината! Проверено!